Утрински Весник
Македонија

Радев нема да учествува на средба со Макрон за Северна Македонија, немало напредок во преговорите

Бугарскиот претседател, Румен Радев, не планира заедно со премиерот Кирил Петков да учествува на средба со францускиот претседател Емануел Макрон на тема Северна Македонија. Ова пред новинарите во Пловдив го изјави шефот на државата.

„Нема напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје. Затоа нема услов за мојата посета на Париз за која се пишуваше“, рече претседателот Радев на отворањето на изложбата Хемус во Пловдив.

„Ја ценам посветеноста на нашите европски партнери, но сакам да видам вистински резултати“, додаде тој.

„Што се однесува до убедувањето на премиерот дека последната инстанца за Република Северна Македонија е парламентот, морам да појаснам дека последната инстанца е секогаш народот и постојат уставни механизми за негово консултирање“, додаде Радев, пренесе БНР.бг.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ 

Патриотизмот не е парола, туку одговорност

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра