Утрински Весник
Спорт

Сколс: Ќе ме наречат бедник, но ова против Аталанта не беше добро

Сколс: Ќе ме наречат бедник, но ова против Аталанта не беше добро
300x250 (7)

Пол Сколс, легенда на Манчестер јунајтед, го критикува тимот и менаџерот Оле Гунар Солскјер по победата 3:2, против Аталанта во Лигата на шампионите. Јунајтед со спектакуларен пресврт, во второто полувреме ја победија Аталанта.

„Дали вака може да се игра против посилни екипи? Не. За неутралните гледачи ова беше одличен натпревар, полн со голови и возбудувања. Јас сум реален. Очекувам повеќе од овој тим. Играа против добар тим, кој дојде без петмина фудбалери. Многу ме загрижи првото полувреме. Можеби некој ќе каже дека сум бедник, веројатно навивачите на Јунајтед ќе ми се налутат, но го гледав овој натпревар и размислував за дуелот со Ливерпул во недела. Ако играме вака ќе биде 3:0 или 4:0 и повеќе нема да има враќање. Клуп сигурно се радуваше гледајќи го првото полувреме“, рекол Пол Сколс.

300x250 (7)

„Солскјер пред натпреварот најави формација 4-2-4 и тоа се случи. Ако играме вака подобри тимови ќе не уништат. Немавме среден ред. Фред и Мектоминеј не знаеја каде одат и што прават. Ако се случи тоа во дербито, замислите како Де Брујне може да го користи тој простор. Аталанта имаше голем посед, можеше да се случи катастрофа“.

> Сколс: Ќе ме наречат бедник, но ова против Аталанта не беше добро <

Ss1

Можете да прочитате

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами

УЕФА го зголеми бројот на играчите за ЕП 2024

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос