Утрински Весник
Свет

Сирените се огласија утрово во израелските населби западно од Ерусалим

Во израелските заедници западно од Ерусалим денеска се огласија сирени за ракетни напади, а се слушнаа и експлозии, што, според очевидци, е предупредување за можни нови палестински ракетни напади на третиот ден од палестинско-израелскиот конфликт во Појасот Газа, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Израелската армија потврди дека од петокот попладне до синоќа над 160 ракети биле истрелани врз Израел од Појасот Газа, објави претходно „Тајмс оф Израел“.

Армијата изјави дека израелскиот ракетен одбранбен систем „Железна купола“ покажал 95 отсто успех во пресретнувањето на проектили истрелани врз израелските градови од екстремистичките групи од Појасот Газа.

Портпаролот на израелската армија Ран Кочав на брифинг со новинарите изјави дека околу 30 ракети кои биле истрелани не преминале во Израел, туку паднале во Појасот Газа.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток