Утрински Весник
Свет

Сингапур: Три четвртини од заразените во последниот месец биле вакцинирани

Сингапур: Три четвртини од заразените во последниот месец биле вакцинирани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Три четвртини од инфекциите со коронавирус во Сингапур во последните четири недели се појавиле кај вакцинирани лица, а меѓу нив нема сериозни случаи на Ковид-19, покажуваат владините податоци, додека кампањата за забрзана вакцинација продолжува.

Во Сингапур, со 5,7 милиони луѓе, вакцинирани се скоро 75 проценти од населението. Според „Ројтерс“, се работи за втората земја по нивото на вакцинираност, веднаш зад Обединетите Арапски Емирати. Половина од населението во Сингапур е целосно вакцинирано.

Во последните 28 дена, земјата забележа 1.096 локални преноси на коронавирус. Од нив, 484 или 44 проценти се случиле кај целосно вакцинирани лица, 30% од заразените биле делумно вакцинирани, а 25% од новите случаи не биле вакцинирани.

Имало само седум случаи со потешка форма на болест што барала третман со кислород; шест од нив не примиле вакцина, а едно лице било делумно вакцинирано, соопшти тамошното Министерство за здравство.

„Постојат докази дека вакцината придонесува за спречување на тешки форми на болеста“, нагласија од Министерството, додавајќи дека оние кои биле целосно вакцинирани и се заразиле или имале лесни симптоми или воопшто немаат.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија