Утрински Весник
Спорт

Силвер: Ако некој од играчите не сака да учествува во рестартирање на сезоната, тоа нема да претставува повреда на договорот

Војнаровски: Адам Силвер не сака да го скрати плеј-офот

Вашингтон, 16 јуни 2020 (МИА) – Комесарот на НБА, Адам Силвер изјави дека ја разбира загриженоста на некои кошаркари за планот за продолжување на сезоната 2019/20, што го предложи лигата.

– Сакам да забележам дека ова можеби не е за секого. Ова ќе бара големи жртви од играчите и од сите што ќе учествуваат во продолжувањето на сезоната, тренери, судии. Доколку некој од кошаркарите одлучи да не дојде во Орландо, тоа нема да претставува повреда на условите на неговиот договор. Ние сме подготвени да ја прифатиме оваа позиција, изјави Силвер.

Претходно беше објавено дека најсилната светска кошаркарска лига планира да ја продолжи сезоната, одржувајќи ги сите натпревари во Орландо пред празни трибини. Кошаркарите ќе живеат во истиот кампус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење