Утрински Весник
Свет

Сиднеј го продолжува заклучувањето поради Ковид-19

Сиднеј го продолжува заклучувањето поради Ковид-19

Можноста за продолжена блокада во Сиднеј, Австралија, се појави денеска, откако здравствените работници пријавија уште едно рекордно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 оваа година, зад кои стои многу заразниот делта-сој.

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска објави дека открила 112 нови, локални случаи на Ковид-19, од кои скоро сите се наоѓаат во Сиднеј, и покрај фактот дека најголемиот град во земјата веќе трета недела е заклучен.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, рече дека бројот на нови случаи во наредните денови ќе одреди дали ќе се продолжи заклучувањето во Сиднеј, кое треба да заврши во петок.

Вкупниот број на заразени се приближува до 700 лица, за помалку од еден месец по откривањето на првата инфекција во средината на јуни.

Во болницата има 63 лица, од кои 18 се на одделот за интензивна нега, а една жена со 90 години беше првата жртва на Ковид-19 оваа година во таа држава.

Рестриктивните мерки за Сиднеј со пет милиони жители, вклучително и затворање на училишта, престој дома, предизвикаа загриженост од можноста за забавување на економијата, која се врати на нивото пред пандемијата во првиот квартал од годинава.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата