Утрински Весник
Свет

СЗО предупредува на важноста од физичка активност за време на пандемијата

СЗО предупредува на важноста од физичка активност за време на пандемијата

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека луѓето треба да бидат поактивни, предупредувајќи дека годишно би можеле да се избегнат и до пет милиони смртни случаи во светот, не земајќи ја предвид пандемијата на коронавирусот.

Агенцијата за здравство на ООН нагласи дека секој четврти возрасен во светот нема доволно физичка активност  и дека ситуација дополнително е комплицирана од кризата со Ковид-19 што принуди многу луѓе да го поминуваат времето во затворени простории.

Агенцијата препорачува минимум два и пол часа умерена до тешка активност за возрасни на неделно ниво и еден час на ден за деца и тинејџери.

Недостатокот на физичка активност доведува до дополнителни здравствени трошоци од 54 милијарди долари годишно, плус дополнителни 14 милијарди долари за изгубената продуктивност, соопшти СЗО.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички