Утрински Весник
Свет

СЗО: Забрзајте ја кампањата за вакцинација во Европа

СЗО: Забрзајте ја кампањата за вакцинација во Европа

Европа мора да ја забрза кампањата за вакцинација против коронавирус со поддршка на сите лаборатории, апелираше шефот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Во интервју за агенцијата „Франс прес“, Клуге рече дека е загрижен за влијанието на новите варијанти на вирусот врз ефикасноста на вакцината.

„Мораме да ги здружиме силите за да ја забрзаме вакцинацијата“, повика Клуге по тешкиот почеток на кампањата за вакцинација во Европската Унија поради недостиг на вакцини и тензии меѓу Брисел и одредени производители.

Клуге додаде дека конкурентските фармацевтски компании мора да ги обединат своите напори и значително да ги зголемат производните капацитети – тоа е она што е потребно.

„Ние исто така мора да се подготвиме за нови мутации на вирусот“, рече Клуге, повикувајќи на солидарност со земјите кои не можат да набават вакцини.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела