Утрински Весник
Свет

СЗО: Делта видот полека станува доминантен во светот

СЗО: Делта видот полека станува доминантен во светот
Img 5587

Делта сојот на Ковид-19, кој за првпат беше откриен во Индија, полека станува доминантен вид на коронавирус во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Велика Британија извести за зголемување на инфекциите со делта варијантата, додека германските здравствени работници предвидуваат дека наскоро ќе стане доминантен вид во Германија и покрај зголемувањето на бројот на вакцинирани.

Ss1

Покрај нихилизмот, Кремљ го обвини делтата видот за рекорден број новозаразени лица во Москва.

„Делта е на добар пат да стане доминантен вид во светот поради високата инфективност“, соопшти главната научничка на СЗО, Сумја Сваминатан.

Официјални лица на СЗО изјавија дека Африка останува континент кој предизвикува загриженост – таму се евидентирани околу пет проценти од новите инфекции и околу два процента од смртните случаи во светот.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина