Утрински Весник
Свет

Големо невреме во Крим, поројот носи сè пред себе

Големо невреме во Крим, поројот носи сè пред себе

Едно лице загина во невремето што го погоди црноморскиот полуостров Крим. Обилни поројни дождови се слеваат по планинските области на југот, патиштата се поплавени и повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани.

Туристичката мека Јалта и областа околу пристаништето Севастопол во раните утрински часови во петокот биле облеани со количини на дожд што обично паѓаат за два месеца, наведуваат властите, а пренесува агенцијата ДПА.

Патиштата се блокирани на јужниот брег поради надојдената каллива вода.

Властите соопштија дека млади човек бил прва жртва на бура. Руската агенција ТАСС објави дека тој бил однесен од поројот. Неколку лица се повредени.

Во источниот дел на полуостровот, водата се повлекува во градот Керч, по обилните дождови во четвртокот.

Обилните дождови што паднаа вчера принудија стотици луѓе да ги напуштат своите домови, оставајќи десетици илјади без електрична енергија.

Нејасно е колку дождот помогнал во надополнување на резервите на вода. Откако Русија го присвои полуостровот во 2014 година, Украина постепено го блокираше Севернокримскиот канал, кој обезбедува вода од Днепар и покрива 80 проценти од потребите за вода на Крим.

Поради постојаната суша и прекумерната употреба на подземните изворит, вода се штеди со месеци, особено во јужниот дел на Крим, кој е популарна туристичка дестинација.

Можете да прочитате

Израелски напад во Рафа, загинаа 6 деца и тројца возрасни

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван