Утрински Весник
Македонија

Се чисти просторот кај бараките „Медицинар“ 

Се чисти просторот кај бараките „Медицинар“ 

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Во рамки на активностите за борба против коронавирусот, на барање на Министерството за здравство и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Град Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“.

Град Скопје потсетува дека во насока на подобрување на пристапноста до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, нивни екипи изминатиот период работеа и во проширувањето и изградбата на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. мд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ристоска: Единствената цел е да се спречи конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир 2“

Апелација ги потврди казните за убиствата на Вања и Панче, на Ѓорчевски одново ќе му се суди

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци