Утрински Весник
Свет

Се урна руски авион АН-2, загинаа пилотот и патникот

Две лица, пилот и патник загинаа при уривање на руски авион Антонов Ан-2 во областа Новокубан во покраината Краснодар, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација.

dobivaj vesti na viber

„Истражните органи покренаа кривична постапка поради падот на лесен авион во Краснодарско, а во оваа несреќа од здобиените повреди загинаа пилотот и неговиот сопатник, родени 1951 година“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. како што јави ТАС С.

Авионот се урнал синоќа околу 22:30 часот по московско време, а при слетувањето на полскиот аеродром удрил во столб од далновод.

Можете да прочитате

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина