Утрински Весник
Свет

Се урна авион во Конго, нема информации за жртви

Се урна авион во Конго, нема информации за жртви

Авион се урна во источната провинција Јужен Киву, во Демократска Република Конго, изјави покраинскиот министер за транспорт за „Ројтерс“.
Според првите информации се уште нема податоци за евентуални жртви.

Претставник на авиокомпанијата „Смол авиејшн“ изјави дека авионот се урнал, но други детали не се познати.

„Ројтерс“ во извештајот наведува дека се уште не е јасно дали се урнал авионот на компанијата „Смол авиејшн“.

Како што се наведува, авионските несреќи се чести во источно Конго. Најмалку 27 луѓе загинаа во 2019 година кога мал авион се урна во близина на густо населениот град Гоме, потсетува британската агенција.

Можете да прочитате

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел