Утрински Весник
Македонија

Се уредува просторот спроти Драмски театар во Карпош 2

Се уредува просторот спроти Драмски театар во Карпош 2

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Општина Карпош започна со уредувањето на јавниот простор во Карпош 2, спроти Драмски театар. Овој дел, според најавите од локалната самоуправа, ќе добие ново зеленило, украсни грмушки и дрвја, систем за наводнување, а ќе се постават и нови клупи за седење и корпи за отпадоци.

-Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со изведбените активности на терен, со што овој дел од Карпош ќе добие целосно нов лик. Поточно, тука ќе се добие зелен и уреден простор наменет, меѓудругото, и за маалска дружба и рекреација на граѓаните, велат од Општина Карпош.

Во изминатиот период, додаваат, ЈП „Паркови и зеленило“ го уреди и аголот меѓу „Партизански одреди“ и улицата „Љубљанска“, а засади ново зеленило и долж булеварот „8 Септември“. вј/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда