Утрински Весник
Македонија

Се запали автомобил во кој се превезувал гласачки материјал од Гостивар кон Скопје

Комисија за следење на изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

Автомобил со кој се превезувал гласачки материјал се запалил во движење. Настанот се случил рано утринава, на автопатот Гостивар-Скопје. Од МВР велат дека гласачкиот материјал не е оштетен и истиот безбедно е доставен до Државната изборна комисија.

„ Настанот се случил околу 4:30. Во СВР Тетово е пријавено дека моторно возило ‘Форд транзит’ со гостиварски ознаки, управуван од 35 годишен гостиварчанец, во непосредна близина на наплатната станица во Тетово се запалило во движење. Внатре се наоѓале пет членови на општинската изборна комисија во Гостивар кој го носеле избирачкиот материјал во Скопје. Тој не е оштетен. Повикано е друго возило во кое е префрлен и пренесен во Државната изборна комисија“, велат од МВР.

Засега не се утврдени причините за пожарот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“