Утрински Весник
Магазин

Селена Гомез со порака: Сите тела се убави

Селена Гомез со порака: Сите тела се убави

Селена Гомез сподели фотографија во спортски костим за капење и испрати силна порака за своите 193 милиони следачи на Инстаграм.

„Кога направив трансплантација на бубрег, се сеќавам дека ми беше многу тешко да ја покажам лузната. Не сакав да биде на фотографии, затоа носев работи што ќе ја прикријат.

„Сега, повеќе од кога било, се чувствувам сигурна во тоа која сум и низ што поминав … и горда сум на тоа. Мојата порака до жените е: сите тела се убави.

Во септември 2017 година, познатата пејачка и актерка ги изненади своите фанови кога сподели дека ѝ била извршена трансплантација на бубрег поради лупус, операција која ѝ го спасила животот. Бубрегот го донирала нејзината најдобра пријателка Франсија Раиса.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Новото Југо доаѓа следната година?

Rally Balkans се одржа од 22 до 25 мај

Како да ја вратите мотивацијата, фокусот и чувството за контрола врз секојдневниот живот