Утрински Весник
Македонија

Заев на средба со холандскиот амбасадор: Владеење на правото и борба против корупцијата се приоритети на новата Влада

Заев на средба со холандскиот амбасадор: Владеење на правото и борба против корупцијата се приоритети на новата Влада

Премиерот Зоран Заев денеска беше домаќин на холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата било оценето дека добрососедските односи се вредност и за нашата земја и за регионот и дека постои релаксирачка клима во државата за посветена работа на внатрешен план.

Посочено било и дека во наредниот период треба да се посвети посебно внимание на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

Заев објаснил дека Владата е силно посветена на овие приоритети.

„Сега е време за резултати на планот на економијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Решени сме да воспоставиме функционална правда, за ефикасна борба со криминалот и корупцијата и за развој на економијата. По решавањето на билатералните прашања со соседите, како што покажа и средбата во Атина, отворивме шанси за поинтензивна економска соработка и на регионално ниво, што ќе донесе економски бенефити за граѓаните на нашите држави“, рекол премиерот.

На состанокот било разговарано и за можностите за помош и поддршка од Холандија во важните области во евроинтеграцискиот процес како и за интензивирање на билатералната соработка во областа на економијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“