Утрински Весник
Македонија

Седум лица не ја почитувале забраната за движење во Југоистокот

Седум лица не ја почитувале забраната за движење во Југоистокот

Струмица, 27 април 2020 (МИА) -За време на вчерашната и синоќешната забрана за движење на подрачјето на СВР-Струмица, седум лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од овој Сектор.

-Приведени се две лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, стои во информацијата од СВР Струмица.

Од страна на полициски службеници извршени се и контроли кај лица во изолација и самоизолација и притоа не било констатирано непочитувања на мерката.

Инаку, во последните денови значително е намален бројот на граѓаните кои не ја почитуваат забраната за движење во споредба со порано. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание