Утрински Весник
Магазин

Седум британски градови во потесен избор за домаќини на Евросонг 20023

Откриен е скратениот список на градови во Велика Британија кои би можеле да бидат домаќини на Евровизија следната година, со седум локации во трка.

dobivaj vesti na viber

Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд ќе се натпреваруваат за организација на настанот што ќе се одржи во мај следната година.

Дваесет градови изразија интерес, а зачудува фактот што Лондон и Белфаст не се најдоа во потесниот избор.

Велика Британија беше избрана за домаќин на натпреварот откако организаторите одлучија дека не може да се одржи во Украина, победниците во 2022 година.

Британскиот пејач Сем Рајдер заврши на второто место на овогодинешниот натпревар во Торино, Италија.

Одлуката да се пресели од Украина поради војната доведе до жестоко оспоруван процес на селекција меѓу градовите во Обединетото Кралство, кои сакаат да привлечат илјадници посетители и внимание на околу 160 милиони ТВ гледачи ширум светот.

Можете да прочитате

За намалување на салото на стомакот добро е да се јаде ова овошје

Зошто не смеете да дозволите водата од кафето да зоврие двапати

Последниот број во годината на раѓање ја открива вашата судбина