Утрински Весник
Економија

СДСМ: Со антикризните мерки цените на горивата кај нас се намалуваат, додека во регионот растат

СДСМ: Со антикризните мерки цените на горивата кај нас се намалуваат, додека во регионот растат

Ефикасните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата, како дел од антикризниот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш ги намалија цените на нафтените деривати и горивата, велат од владејачкиот СДСМ преку допис до медиумите.

Партијата потенцира дека благодарение на овие мерки, во најголемата светска економска и енергетска криза, цените на горивата кај нас се намалуваат, додека насекаде во државите од регионот растат.

„Веднаш по примена на мерките, малопродажната цена на бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економска стабилност“, наведоа од СДСМ.

Можете да прочитате

Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Во првите два месеца од 2025 година извозот 1,229 милијарди, а увозот 1,834 милијарди евра

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година