Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Просечната плата е зголемена за 7%

СДСМ: Просечната плата е зголемена за 7%
Ss2

 

„Успешните економски политики што ги креира и реализира СДСМ даваат позитивни резултати и во време на најтешката глобална здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот.Просечната плата во државата на годишно ниво бележи раст од 7%, односно 1800 денари, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика“, соопшти СДСМ.

Според истиот извор, просечната плата во ноември 2019 година изнесувала 25.787 денари, а во истиот месец 2020 година е зголемена на 27.588 денари.

СДСМ како одговорна партија посветено работи за подобар животен стандард за граѓаните, создавање услови за рестарт на економијата и уште побрз раст на платите, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт