Утрински Весник
Македонија

СДСМ: На 12 април режимот уште еднаш ќе биде поразен

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

Скопје, 14 февруари 2020

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а раководена од неговиот шеф Никола Груевски, денеска уште еднаш го потврди својот добро познат стил, втемелен во однесувањето и мафијашкиот речникот на партијата.

Очигледно по 11 години криминален начин на однесување и делување ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од режимската и криминална матрица.

Ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ ја покажува паниката и нервозата од носењето на Законот за јавно обвинителство и од тоа што не успеаја да го одбранат криминалот на Никола Груевски.

СДСМ веќе еднаш ги повика ВМРО-ДПМНЕ се што имаат да поднесат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да се  видат и  наводните докази за кои говорат во јавноста.

Но, наместо тоа ВМРО –ДПМНЕ останува само на празни зборови изнесени  а бесмислени прес конференции.

Зоран Заев е прв политичар кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем беше изнесено на судско рочиште.

Граѓаните многу добро се сеќаваат како ВМРО-ДПМНЕ постапуваше со медиумите и новинарите. Од закани за фрлање во ендеци, апсења и затворање на новинари, упади во медиуми, венци за новинари на домашни адреси, до медиумски мрак и загушени медиумски слободи.

Токму оваа власт предводена од СДСМ ја врати слободата и има ист третман кон сите медиуми.

И токму оваа власт не троши државни пари за да поткупува медиуми и новинари.

Денес, Република Северна Македонија е правна држава во која законите владеат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки. ВМРО-ДПМНЕ била и останува криминална партија, а Мицкоски и Груевски препознатливи носители на криминалот.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим –  никогаш повеќе!

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста 

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Миноски: Политиката денес е сведена на „приватна фирма“ за лични интереси

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња