Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела работен ден

СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела работен ден

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени, обвинуваат од СДСМ.

„ Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи. Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства.

Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси.

Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт