Утрински Весник
Свет

Гроси загрижен: Дозволете ми да ја посетам нуклеарната централа, треба да го проценам нивото на опасност

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси апелираше за пристап до украинската нуклеарна централа, која сега е под контрола на руските сили, со цел да се утврди дали таа претставува одредена опасност.

dobivaj vesti na viber

„Контактот со најголемата европска нуклеарна централа, која се наоѓа во Запорожје, а со која управуваат украински техничари, не е стабилен и не работи на дневна основа“, изјавил Гроси за швајцарскиот весник „Тагес-Анзајгер“.

„Не можеме да си дозволиме несоодветни комуникации на постројките во безбедносни критични области. Знаеме за обвинувањата дека во објектот се складира муниција и дека се вршат напади врз електраната“, кажал тој.

Како што пренесува „The Guaridan“, Гроси истакнал дека доколку нема пристап, не може да го одреди нивото на опасност.

„Има контрадикторности меѓу извештаите од руската и од украинската страна. Добивам информации, ги наведувам во извештаите, но не можам да утврдам дали соодветствуваат со фактите“, изјавил тој.

Русија соопшти дека и понудила на МААЕ да го посети објектот, но дека Украина одбива да соработува.

Гроси рекол дека засега не гледа оти конфликтните страни се подготвени да постигнат каков било конкретен договор.

Да потсетиме, Гроси вчера упати драматично предупредување во врска со најголемата европска централа Запорожје, наведувајќи дека нуклеарната централа е целосно надвор од контрола.

„Ситуацијата таму станува се поопасна секој ден“, рече тој и ги повика Русија и Украина да дозволат експерти да го посетат комплексот за да се спречи нуклеарна несреќа.

„Нарушен е секој принцип на нуклеарна безбедност“, изјавил тој.

Можете да прочитате

Уапсени над 100 студенти на Универзитетот во Њујорк кои протестираа за Палестина

Цените на нафтата пораснаа откако Израел го нападна Иран

Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија