Утрински Весник
Економија

Светска банка финализира програма за помош на земјава од околу 140 милиони евра

Дополнителна поддршка за економијата од осум милиони евра за обртни средства и 50 милиони за заштита на ликвидноста

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Светска банка ја финализира програмата на активности за помош на земјава за справување и намалување на влијанетоод коронакризата.

Помошта, како што наведува групацијата во најновиот извештај, е околу 140 милиони евра.

– Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија.  Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра, стои во објавениот извештај на Светска банка. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмногу средства од ребалансот на Буџетот за министерствата за животна средина и за транспорт

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, обезбедени повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии

Мицкоски за вчерашната средба со претставниците на ланци на маркети: Се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти