Утрински Весник
Македонија

Свети Николе ја доби техничката документација за изградба на улици

Свети Николе ја доби техничката документација за изградба на улици

Штип, 6 мај 2020 (МИА) – Во Свети Николе годинава ќе се асфалтираат над три километри улици, со средства од Владата. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека денеска од Министерството за финансии му е предадена комплетната техничка документација за изградбата на улиците.

– Општина Свети Николе доби грант за изградба на улиците „Рајко Жинзифов“, „Миле Поп Јорданов“, потоа улицата „Живко Чинго“ и локален пат Р1204 од клучката кај Кантонче до пред брана Мавровица, вели Велковски.

Тој истакна дека со оваа техничка документација ги исполнуваат условите за користење на грант средства од Владата во износ од над 700.000 евра кои се доделени на општина Свети Николе.

-Убеден сум дека во наредниот период ќе ги започнеме овие капитални инвестициски проекти со цел задоволување на потребите на жителите на нашата општина, вели Велковски. вдј/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот