Утрински Весник
Спорт

Салихамиџиќ: Роналдо не е во нашите планови

Спортскиот директор на Баерн Минхен, ги демантираше новинарските шпекулации дека клубот е заинтересиран за Кристијано Роналдо.

dobivaj vesti na viber

Медиумите го поврзаа Португалецот со Баерн, откако стана јасно дека Роберт Левандовски ќе се пресели во Барселона.

„Многу го почитувам Кристијано Роналдо, неговиот успех и кариера, но повторно ви повторувам дека тој не е во нашите планови“, изјави Салихамиџиќ.

Наводно, менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш на секој начин се обидува да ги убеди челниците на Баерн да го доведат искусниот напаѓач, но тоа не оди баш како што очекува. Времето истекува, а Роналдо наскоро ќе треба да одлучи каде ќе игра.

Доколку неговиот статус и трансфер не се решат во наредните денови, тогаш јасно е дека Роналдо ќе мора да се приклучи на подготовките на Манчестер Јунајтед.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина