Утрински Весник
Свет

Четири члена на палестинско семејство убиени на Западниот Брег од страна на израелските сили

20260315104213 big 730x400 35.webp.webp

Четири члена на палестинско семејство, вклучувајќи две деца, беа убиени кога израелските војници отворија оган врз нивното возило на север од окупираниот Западен Брег, објави денеска палестинското Министерство за здравство, пренесе ДПА.

Министерството соопшти дека меѓу жртвите се 37-годишниот татко, неговата 35-годишна сопруга и две деца на возраст од пет и седум години. Две други деца се повредени. Неколку членови на семејството претрпеле рани на главата, објави министерството.


Според израелската полиција, офицери и војници биле во рација во градот Тамун за апсење на лица осомничени за вмешаност во терористички активности насочени кон безбедносните сили. За време на операцијата, војниците отвориле оган. Четворица Палестинци во возилото се убиени. Околностите на инцидентот се истражуваат, се наведува во полициското соопштение.

Палестинските медиуми објавија дека таткото немал познати врски со милитантни организации, пренесува ДПА.

Можете да прочитате

Нов опасен тренд: Криминалци регрутираат тинејџери преку социјални мрежи за убиства

Кенеди Помладиот: САД погрешија во одговорот на Kовид-19, потребна е промена на здравствената политика

Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната