Утрински Весник
Спорт

Салах се прости со Мане: Ти благодарам за сите добри времиња

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мохамед Салах му прати порака на Садио Мане по неговиот трансфер во Баерн Минхен, фалејќи го својот поранешен соиграч од Ливерпул, откако на едно од најубоитите напаѓачки партнерства во Премиерлигата му дојде крај.

Сенегалецот замина од „Енфилд“ за 41 милиони евра, ставајќи крај на шестгодишниот престој на „Енфилд“, во кој пет години беше партнер на Салах во нападот, освојувајќи ги титулите од Премиерлигата и од Лигата на шампионите заедно.

„Ова беше добро возење. Ти благодарам за сите добри времиња и ти посакувам се најдобро во новата авантура. Ќе ни недостасуваш на сите“, напиша Салах на Твитер со неколку фотографии на кои двајцата прославуваат.

Минатата сезона, Салах и Мане поставија рекорд откако двајцата постигнаа гол во 30-ти меч, нешто незабележано во Премиерлигата.

> Салах се прости со Мане: Ти благодарам за сите добри времиња <

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја