Утрински Весник
Економија

Швајцарија увезла повеќе од три тони руско злато

Ss2

Швајцарија во мај увезла злато од Русија, првпат од февруари, соопшти агенцијата „Блумберг“.

Американската агенција додава дека овој потег сугерира дека односот на западната индустрија кон руските благородни метали може да омекне.

Ss1

Минатиот месец во Швајцарија биле испорачани повеќе од три тони злато од најголемата европска земја, наведува њујоршката агенција, повикувајќи се на податоците на швајцарската Федерална царинска управа.

Купувањето претставува околу 2 отсто од вкупните златни прачки во земјата во мај. Швајцарија е клучен преработувачки центар кој обработува две третини од светското злато.

По почетокот на воената операција на Москва во Украина и воведувањето меѓународни санкции, Лондонската асоцијација за пазар на благородни метали ги суспендираше сите руски компании за преработка на злато и сребро од листата на одобрени добавувачи, пренесува „Раша тудеј“.

Во индустријата на Запад, овој потег беше сфатен како де факто забрана, поради што повеќето тамошни рафинерии одбиваат да примат нови количества злато од Русија. Овој благороден метал е идентификуван како можна нова цел на санкциите на ЕУ против Москва.

Според вчерашниот извештај на „Ројтерс“, лидерите на ЕУ имаат намера да продолжат да вршат притисок врз Русија на самитот оваа недела.

Засега останува непознато дали Швајцарија, која не е дел од ЕУ, ќе ја почитува евентуалната забрана за увоз на руско злато.

Ss1

Можете да прочитате

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница