Утрински Весник
Свет

САД: Путин искористи две третини од борбената моќ

САД: Путин искористи две третини од борбената моќ

Рускиот претседател Владимир Путин искористи две третини од вкупната борбена моќ на Русија за воената инвазија, изјавил за новинарите висок претставник на американската одбрана.

„Тоа сепак значи дека тој има уште една третина надвор од Украина, што не е безначајно“, додал функционерот.

САД процениле дека од утрово руските сили истрелале повеќе од 320 проектили.

„Повеќето од овие проектили се балистички ракети со краток дострел“, нагласил официјалниот претставник.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи