Утрински Весник
Свет

САД: Правиме план во случај Русија да го нападне НАТО

САД: Правиме план во случај Русија да го нападне НАТО

Вашингтон и сојузниците во НАТО прават планови во случај Русија да нападне територија на алијансата, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан.

Зборувајќи за западната воена помош за Украина, Саливан рече дека ги разгледуваат можностите во случај Русија да одлучи да нападне територија на НАТО токму поради тоа што Украина се вооружува од тој правец или поради кој било друг контекст, пренесе руската агенција ТАСС.

Саливан вели дека американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да одговори одлучно, заедно со другите членки на алијансата, во случај Русија да нападне.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори