Утрински Весник
Свет

Руски ловец ги наруши воздушните граници – веднаш стигнаа реакции

Руски ловец ги наруши воздушните граници – веднаш стигнаа реакции

Руски ловец Су-27 ја премина границата.

Министерството за надворешни работи на Естонија му врачи протестна нота на амбасадорот на Русија поради рускиот ловец Су-27 кој ја наруши границата на таа земја. Ова денеска го соопшти прес-службата на Генералштабот на Министерството за одбрана на Естонија.

„ Инцидентот се случил во областа на островот Веиндло. Авионот бил во естонскиот воздушен простор помалку од една минута. Летал со исклучен транспондер (телекомуникациски уред) и не бил во контакт со естонската контрола на воздушниот сообраќај за време на прекршување на естонската државна граница“, се вели во соопштението.

Министерството соопшти дека рускиот амбасадор бил поканет во Министерството за надворешни работи на Естонија, каде му била врачена протестна нота.

„ Естонија смета дека ова е многу сериозен инцидент, имајќи предвид дека прекршување на границите имало и претходно“, соопшти Министерството.

Според Генералштабот, ова е прво прекршување на границата годинава.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега