Утрински Весник
Свет

Рускиот вицепремиер во посета на Мариупол: „Почнува обновата на мирниот живот“

Потпретседателот на руската влада, Марат Хуснуљин, го посети Мариупол и на тој начин стана највисокиот владин функционер што влезе во украинскиот град досега по  руското бомбардирање.

На својот канал Телеграм, Хуснуљин рече: „Ги посетив ослободените територии на ДНР (Народна Република Донецк) и ЛНР (Народна Република Луганск). Ги посетив Мариупол, Волноваха, Луганск и други градови и разговарав со локалното население. Почнува обновата на мирниот живот во регионите, има многу работа. Ќе помогнеме. Особено е потребно да се извршат големи работи на пружањето на хуманитарната помош“.

На видеото се гледа како Хуснуљин се среќава со Денис Пушилин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк.

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено