Утрински Весник
Свет

Русија ѝ се заканува на Литванија поради железничката блокада: „Ситуацијата е повеќе од сериозна“

300x250 (7)

Одлуката на Литванија да го блокира железничкиот сообраќај меѓу Русија и ексклавата Калининград на Балтичкото Море е незаконска, обвини денеска Кремљ.

„Одлуката е навистина без преседан и штетна за сите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинската агенција „Интерфакс“.

300x250 (7)

Тој нагласи дека ова само ги влошува грешките на Европската унија направени со санкциите против Москва и ја нарече ситуацијата повеќе од сериозна. Калининград се наоѓа помеѓу Литванија и Полска и е оддалечен повеќе од 1.000 километри од Москва. Во саботата, Вилнус почна да го блокира движењето на стоки што патуваат со железница низ територијата на Литванија до Калининград.

Гувернерот на Калининградската област, Антон Алиханов, рече дека забраната опфаќа околу 50 отсто од стоките што ги увезува Калининград и ја нарече најтешка повреда на правото на слободен транзит до и од Калининградската област.

Од МНР на Литванија денеска на шефот на руската дипломатска мисија во Вилнус му соопштиле дека забраната за транзит до руската ексклава влијае само на стоки кои се под санкции на Европската унија.

Според соопштението на Министерството, Литванија не наметнала еднострани, индивидуални или дополнителни ограничувања, пренесува „Ројтерс“.

Земјите од ЕУ редовно ги засилуваат санкциите против Русија по инвазијата на Украина во февруари. Неколку источноевропски држави, како што е Литванија, се особено подготвени да воведат санкции, со оправдување од загриженост дека Русија еден ден ќе полага право и на нивните територии.

Ss1

Можете да прочитате

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија