Утрински Весник
Свет

Русија се заканува со воена акција поради одлуката на Финска

Русија ќе биде принудена да одговори на одлуката на Финска да влезе во НАТО, се вели во соопштението на руското МНР.

„Влезот на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата. Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, како воено-технички така и од друга природа, за да ја запре заканата за нејзината национална безбедност“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува „Ројтерс“.

Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека пристапувањето на Финска во Северноатлантскиот сојуз секако ќе претставува закана за Русија.

„Москва ќе ги анализира последиците од таквиот чекор за сопствената безбедност“, рече Песков.

Можете да прочитате

Унгарија повторно ја блокираше Украина: Нема договор за отворање на кластерите 2 и 3

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот