Утрински Весник
Свет

Русија подготвена да пука на бродови кои илегално влегуваат во нејзините води

Русија подготвена да пука на бродови кои илегално влегуваат во нејзините води

Русија е подготвена да отвори оган врз странски бродови и подморници кои илегално влегуваат во нејзините територијални води, изјави денеска висок руски воен претставник, а пренесе руската новинска агенција „Интерфакс“.

Сепак, таквата одлука би била донесена само на „највисоко ниво“, додаде функционерот, а пренесува „Ројтерс“.

САД во саботата негираа дека извршиле воени операции во руски територијални води, откако официјална Москва објави дека брод на руската морнарица избркал една американска подморница во руските води во Пацификот.

Можете да прочитате

Москва: НАТО се подготвува за конфликт со Русија, нека не ја минува границата

Вонредна состојба на аеродром во Германија – Прекинати сите летови

Марта Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, со Молдавија и Украина отвораме по две