Утрински Весник
Свет

Русија денеска отвора коридор од Мариупол до Запорожје

Русија денеска отвора коридор од Мариупол до Запорожје

На барање на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц до рускиот претседател Владимир Путин, Русија денеска ќе отвори хуманитарен коридор од Мариупол до Запорожје, пренесува ТАС С.

Како што соопшти шефот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, генерал-мајор Михаил Мизинцев, хуманитарниот коридор ќе биде отворен од Мариупол до Запорожје, пренесе Ројтерс.

Градот е затворен за влезови, опасно е да се излезе.

Помошник-градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко изјави денеска дека овој град е затворен за сите што сакаат да влезат, додека секој обид за излез е „многу опасен“.

Андриушченко тврди дека руските сили од четвртокот спречуваат и најмали количини хуманитарна помош да стигнат до заробените жители, како што вели, истакнувајќи дека планираниот хуманитарен коридор не е отворен, пренесе Ројтерс.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп