Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси 

Sdsm.webp.webp

„Поготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени” е досега најсилно признание на Мицкоски за изолацијата во којашто ја турка земјата. Со него и неговата Организирана криминална група Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ.

Ова значи со децении загарантирана сиромаштија, уште поголемо иселување на младите, криминал и корупција без контрола врз грбот на граѓаните.


Мицкоски со часовници од 60.000 евра, вредни 150 минимални плати, со бизнис мрежа и тендер коалиција која врти милиони им вели на граѓаните дека ќе чека децении. Ама напатениот народ и работниците кои едвај врзуваат крај со крај, со ниски плати и високи цени, ќе бидат принудени да земаат бугарски пасоши за спас.

Целта на Мицкоски е ВМРО-ОКГ/ЗНАМ да си делат криминални тендери а народот да трпи.

Мицкоски излажа дека ќе го врати името, излажа дека ќе обезбеди подобра преговарачка рамка, одложено дејство.

Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го промени името, а сега поради него: Македонија е на колена. Предадени се националните интереси.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч