Утрински Весник
Спорт

Роналдо од пенал ја носи Португалија во предност

Роналдо од пенал ја носи Португалија во предност

Кристијано Роналдо во 30 минута од белата точка ја носи Португалија во предност од 1-0 против Франција на „Пушкаш арена“ во Будимпешта.

Пеналот го „заработи“ Данило откако голманот на „триколорите“ Уго Лорис по една нафрлена топка со тупаница удри во главата на противничкиот играч.

Роналдо незадржлив стигна до четвртиот гол на ова ЕП, втор од пенал. 108-ми гол за Португалија.

Франција е на потег.

> Роналдо од пенал ја носи Португалија во предност <

Можете да прочитате

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветна кратенка за нашата држава

Пораз на македонските ракометари од Грција

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден