Утрински Весник
Спорт

Роналдо е „Златно стапало“ за 2020 година

Роналдо е „Златно стапало“ за 2020 година

Кристијано Ронадо е добитникот на наградата „Златно стапало“ за 2020 година, за својот придонес во фудбалот. Ова е престижна награда, која може да се добие еднаш во кариерата, а во конкуренција влегуваат фудбалери постари од 28 години.

Добитникот на наградата, остава отпечаток од своето стапало на Променада во Монте Карло.

„Ова е голема чест, среќен сум што отпечатоци од моите стапала ќе бидат заедно со стапалата на големите шампиони. Им се заблагодарувам на сите што гласа за мене“, порачал Роналдо.

Наградата се доделува од 2003 година, а прв ја добил Роберто Баџо. Потоа престижното признание го добивале: Павел Недвед, Андреј Шевченко, Роналдо, Алесандро Дел Пјеро, Роберто Карлос, Роналдињо, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Златан Ибрахимовиќ, Дидие Дрогба, Андрес Иниеста, Самуел Ето, Џиџи Буфон, Икер Касиљас, Единсон Кавани и Лука Модриќ.

Интересно ова признание се уште не го добил Лионел Меси.

> Роналдо е „Златно стапало“ за 2020 година <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига