Утрински Весник
Спорт

„Романо е измамник, а не некаков трансфер гуру“

Италијанецот Фабрицио Романо, кој е специјализиран за случувањата на трансфер пазарот, важи за еден од најинформираните спортски новинари во Европа. Сепак, тоа не е мислење на спортскиот уредник на холандскиот весник „Де Телеграф“, Марсел ван дер Кран, кој го нарече Романо крадец и измамник.

dobivaj vesti na viber

„Фабрицио Романо, тој е тип на трансфер гуру, но тој е број еден во копирањето вести од веб-страниците“, рече Ван дер Кран во еден подкаст, а потоа со адекватен пример објасни како Романо работи.
„На ден како денешниот, можете да видите дека две минути по нашите вести, Фабрицио Романо доаѓа со „многу ексклузивни вести“ за Антонио, кој не беше на тренингот на Ајакс. И тогаш цела Европа размислува „леле, тој може се’ да открие. Но, тој само ги краде сите вести од секој новинар од секоја земја. Но, тоа е дозволено, не е важно. Таквите луѓе едноставно се однесуваат како да имаат контакти насекаде, но всушност само копираат туѓи информации“, објасни Холанѓанецот. .

Фабрицио Романо на социјалната мрежа Твитер го следат 11,1 милиони луѓе, а тој направи сериозен бизнис од известувањето за фудбалски трансфери.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина