Утрински Весник
Култура

Романот „На пола пат “ од Алија Авдовиќ излезе од печат

Во издание на Здружението Диван, а со подршка на Министерството за култура излезе од печат новиот роман „На пола пат“ од авторот Алија Аводвиќ.

dobivaj vesti na viber

Романот „На пола пат“ е напишан на босански јазик, или во оригинал „Na pola puta“ и е петто остварување на реномираниот бошњачки и македонски писател Алија Авдовиќ.

Во својата рецензија Амина Поровиќ вели: „Ова е роман на една внатрешна перцепција на проникнувањето на животот на бошњачкиот народ со потекло од Санџак, стремеж на една длабока човечка вистина на самото човечко постоење.”

Уредникот на изданието, проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ изјави: „Романот е создаден со големи и измешани емоции во кој се преплетуваат судбините на Бошњаците од Санџак, Македонија, од дијаспората. Центар на случувањата е Горно Оризари, село во Велешко каде освен емоциите, љубовта, одмаздата и др., освен лирското во романот истиот претставува и значаен придонес за историјата на бошњачкиот народ во нашата држава.“
Во понатамошниот период планирана е и промоција на книгата, истата ќе биде достапна за продажба во книжарниците во Скопје и дистрибуирана до библиотеките.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“