Утрински Весник
Магазин

Рене Зелвегер ќе биде голферка во нова комедија на Мајкл Патрик Кинг

Рене Зелвегер ќе биде голферка во нова комедија на Мајкл Патрик Кинг
Ss2

Рене Зелвегер се враќа, буквално и фигуративно, со новиот проект The Back Nine.

51-годишната двократна добитничка на „Оскар“ се потпиша да глуми во комедијата за голф од режисерот и ко-сценарист Мајкл Патрик Кинг, дознава „Холивуд репортер“.

Ss1

Ова ќе биде нејзин прв филмски проект по „Џуди“ од 2019 година, кога го доби својот втор „Оскар“ за портретирање на култната Џуди Гарланд.

Зелвегер ќе глуми поранешна голферка, која се откажува од сопствените аспирации за да ја поддржи професионалната кариера на нејзиниот сопруг и да биде близу до нивниот син.

Откако нејзиниот брак и семеен живот почнуваат да тонат, таа одлучува да ги оствари своите соништа да стане професионален играч на голф.

Мајкл Патрик Кинг ќе го режира филмот по сценариото што го напиша заедно со Џони Марчинко и Криста Смит.

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината