Утрински Весник
Македонија

Редарски служби пред пофреквентни маркети во Карпош

Редарски служби пред пофреквентни маркети во Карпош

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Активисти од Сојузот на извидници на Македонија денеска формираа редарски служби кои пред пофреквентните маркети во Општина Карпош и околу пазарчето во Тафталиџе, ја контролираат ситуацијата на теренот и повикуваат на физичка дистанца меѓу граѓаните кои пазарат.

– Имајќи предвид дека нашата земја е пред тридневен 24 часовен полициски час, очекувана беше поголемата фреквенција на граѓани пред маркети, продавници и банки. Затоа се организираа редарските служби, за да го контролираат редот, да повикуваат на дистанца, со цел да се спречи можноста за ширење на коронавирусот, стои во соопштението од Општина Карпош.

Локалната самоуправа изразува благодарност до Сојузот на извидници, чии активисти уште еднаш ја покажаа својата одговорност и грижа за заедницата. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила

Томовски: Со чести автобуски линии и поддршка од агенциите го спасуваме „Македонско село“ од пропаѓање

СОЗР купува VIP комбе за странски делегации и електрични возила за курирска служба