Утрински Весник
Македонија

Реакција на дополнителната заменик министерка Невенка Стаменковска Стојковски за состојбата со Ковид-19

Реакција на дополнителната заменик министерка Невенка Стаменковска Стојковски за состојбата со Ковид-19

Скопје, 9 јуни 2020

Поради негрижа на Владата на СДСМ и не превземање на заштитни мерки, државните институции се новите потенцијални кластери на Ковид-19.

Секој ден слушаме казни, клевети и обвинувања за граѓаните како не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19 а ниту еднаш Комисијата за заразни болести (КЗБ) и министерот Филипче не го слушнавме да спомне а уште помалку да казни било кој функционер за непочитување на мерките во институциите и неспроведување на Законот за безбедност и здравје при работа!?

Се затвараат институции, голем дел од вработените се заразени или во самоизолација и никој не се запраша дали на вработените во јавниот сектор им се обезбедени основни услови за работа, лична заштитна опрема, колективна заштитна опрема..

Функционерите на СДСМ се заштитени од одговорност и единствена задача им е да уживаат во привилегиите кои со ребалансот на буџетот им останаа, да не подлежат на карантин доколку патуваат, да вработуваат неосновано и незаконски и да делат “социјални пакети” за време на пандемија.

Лицемерно е да се обвинуваат граѓаните а кластерот на заразени да е најприсутен во државните и јавни институции!

Вистинското прашање до министерот Филипче и Караџовски е дали воопшто се пријавуваат заразените со Ковид-19 во институциите? Дали воопшто некој се грижи за вработените во јавниот сектор и за работниците во Македонија при општа хистерија кај Владата да ги обвинува само граѓаните за непочитивање на мерките?

Објава на Фејсбук на Невенка Стаменковска Стојковски, заменик министер за информатичко општество и информатика

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”