Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за двајца скопјани за злоупотреба на дозвола за движење во полициски час

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“, како и против Х.Х.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Првопријавениот, соопштија денеска од МВР, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, издал „дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице нема регистрирано ноќна работа. Второпријавениот, во два навратa бил сопрен и контролиран од полициски службеници, при што како доказ дека легално се движи и поседува дозвола за движење на увид им ја приложил дозволата за движење поради вршење на сменска и ноќна работа. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”