Утрински Весник
Свет

Рама прогласи победа на изборите и најави прослава во Тирана

Рама прогласи победа на изборите и најави прослава во Тирана

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, прогласи победа на парламентарните избори во неделата и ги повика приврзаниците да се соберат вечерва за да ја прослават победата на плоштадот Скендербег.

Рама изјави дека шампионите на тимовите на покровители, координатори, лидери, пратеници ќе се соберат на плоштадот Скендербег во 18 часот, и кој сака да им се придружи во прославата на победата на изборите.

Според досегашните резултати, владејачката Социјалистичка партија освои 73 места, што значи дека го обезбеди мнозинството што е потребно за парламентот и формирање на владата во следните четири години, пренесува Јуроњуз Албанија.

Околу 3,6 милиони гласачи, 2,8 милиони албански државјани и 800.000 Албанци од странство во неделата гласаа за 140 пратеници, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години.

Можете да прочитате

Името на Доналд Трамп утрово е отстрането од „Центарот Кенеди“

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД