Утрински Весник
Македонија

Разговор на Османи со специјалниот британски пратеник Пич за состојбите во земјата и регионот

Разговор на Османи со специјалниот британски пратеник Пич за состојбите во земјата и регионот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со специјалниот пратеник на Велика Британија, надлежен за Западен Балкан, Стјуарт Пич, кој е во прва работна посета на нашата земја.

Како што информираат од МНР, соговорниците размениле мислења за актуелните внатрешнополитички состојби во земјата, но и во регионот, како и за можностите за соработка во врска со темите од заеднички интерес меѓу двете земји.

Османи го запознал специјалниот пратеник за спроведувањето на реформите од европската агенда, со посебен акцент на обновениот дијалог со соседна Бугарија.

„Двајцата соговорници се осврнаа и на безбедносните предизвици со кои се соочува регионот на Западен Балкан. Притоа специјалниот пратеник Пич ја реафирмира силната посветеност на Обединетото Кралство во регионот и неговата улога во процесот на одржување на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан“, се наведува во соопштението за средбата.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни