Утрински Весник
Спорт

Влаховиќ објаси што го поврзува со Јувентус

Душан Влаховиќ го обележа зимскиот преоден рок. Јувентус издвоија 81.600.000 евра за неговиот трансфер. Напаѓачот рекол дека и покрај големиот број на понуди, тој во ниту еден момент немал дилема каде сака да ја продолжи кариерата.

„Имаше многу шпекулации за други клубови. Но изборот беше лесен. Овој клуб има победнички менталитет, таков менаталтет имам и јас. Пресреќен сум што му се приклучив на овој славен клуб, тоа е она што го сакав. Со нетрпение го чекам дебито“, рекол Влаховиќ.

Напаѓачот за Јуве ќе дебитира викендов против Верона.

> Влаховиќ објаси што го поврзува со Јувентус <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија